
Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката.
Доколку уредот покажува дека батеријата е слаба,
сторете го следново:
12 За почеток

1 Вклучете го полначот во ѕиден штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот.
3 Кога батеријата покажува дека е целосно
наполнета, откачете го полначот од уредот, а потоа
и од ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата за некој одреден
период на време и можете да го користите уредот
додека истиот се полни. Ако батеријата е целосно
испразнета, може да поминат неколку минути пред
индикаторот за полнење да се појави на екранот или
пред да можат да се направат било какви повици.
За почеток 13