Nokia 7020 - Пристапни шифри

background image

Пристапни шифри

Безбедносната шифра помага во заштитата на вашиот

телефон од неовластена употреба. Можете да ја

креирате и смените шифрата и да го поставите

телефонот да ја бара шифрата. Шифрата чувајте ја на

тајно и сигурно место, одделно од вашиот телефон. Ако

ја заборавите шифрата и вашиот телефон е заклучен,

на вашиот телефон ќе му треба сервис и може да се

применат додатни трошоци. За повеќе информации,

контактирајте со Nokia Care сервис или со продавачот

на вашиот телефон.
PIN шифрата, испорачана со SIM картичката, ја штити

картичката од неовластена употреба. PIN2 шифрата

испорачана со некои SIM картички е потребна за

пристап до одредени услуги. Ако три пати по ред

погрешно ја внесете PIN или PIN2 шифрата, запрашани

сте за PUK или PUK2 шифрата. Ако ги немате,

контактирајте со вашиот добавувач на услуги.
PIN модулот е потребен за пристап до информациите во

безбедносниот модул од вашата SIM картичка. За

дигиталниот потпис може да се бара PIN за потпис.

Лозинката за забрана е потребна кога се користи услуга

за забрана на повик.

Општи информации

9

background image

За да поставите како вашиот телефон ги користи

пристапните шифри и безбедносните поставки,

изберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Безбедност

.